Жестока дебата во вечерашната Топ Тема на Телма се водеше на темата за изборниот модел за кој политичките партии во собранието во моментов немаат консензус, а повеќето се за една изборна единица.
Вие сакате да градите консензус врз основа на она што е ваша замисла, рече Андреј Петров, од СДСМ. Потребен е план, констатираше тој. „Ние имавме различни изборни модели комбиниран, многу дебати се воделе што одговара на структурата на населението, затоа ни е потребен консензус без никаво брзање. Треба да се договориме до крајот на мандатот на актуелниот парламент, рече Петров.
Потребни поиовеќе дебати и консултации со експерти. Собранието има десетина анализа за изборните анализи во светот и студии кои постојат во архивите. Треба да констатираме дали сме задоволни од ваквиот начин на конституирање на собранието. Јас сметам дека во целост не си врши својата работа. Македонското собрание во месец февруари, според календарот за работа има само три дена. Ако сакаме тоа го поместиме, само со поквалитетен парламент, истакна Илија Димовски, ВМРО – ДПМНЕ.
Судејќи според јавните настапи на политичките партии повеќето се за една изборна единица, рече Сефер Селими, политички аналитичар. Тој потсети дека ДУИ и Алијанса за Албанците не го поддржуваат тој модел.
„Но оваа дискусија не треба да се остави само на политичките партии. Имаме врвни експерти и граѓански организации кои се добри познавачи на овие процеси. Ако ова им го препуштиме на Политичките партии ќе заглавиме во комплексен дијалог“, рече Селими.