Неделниот извештај на ИЈЗ нотира намален број на тестирања и на позитивни случаи на коронавирус.
Во периодот од 31 јануари до 6 февруари направени се 33.421 тест, што е за 13, 2 проценти помалку од минатата недела, а од нив позитивни биле 9.982 што е за 16,2 процетни помалку од претходите седум дена.
Нема податоци кај колку од нив е регистрирана подваријантата на омикрон сојот. Минатата недела тој беше изолиран кај пет случаи.
Половина од новите ковид-случаи се од Скопје, поточно 53 проценти, додека највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.
Изминатата недела пријавени се и 1.340 реинфекции, што е исто така намалување од 14 проценти. Заклучно пак со 6 февруари вкупно се регистрирани 7.842 реинфекции, од кои 20 лица се реинфицирале по втор пат.
Како последица од коронавирусот изминатата недела починале 147 луѓе од кои 51 од Скопје, додека од почетокот на пандемијата досега вкупно починале 8.599 лица.