Вести Ковид19 Македонија Топ вести

ИЈЗ: Бремените жени можат да се вакцинираат против Ковид – со две вакцини, но и со бустер

Медицината со сè повеќе докази – бремените жени треба да примат анти-Ковид вакцини. Не само прва или втора доза туку можат и трета засилувачка за имунитетот. Овие препораки ги објави Институтот за јавно здравје и се базирани на истражувањата и студиите на Центарот за превенција и контрола на болести на САД, европската ЕМА, и универзитетот „Џонс Хопкинс“. Во студиите, меѓудругото, се наведува дека бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19 со последици, како и тоа дека нема никакви докази дека било која вакцина вклучувајќи ги оние против Корона, предизвикуваат проблеми со плодноста кај жените или мажите. Експертите недвосмислено ја препорачуваат вакцинацијата кај жените кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина.

„Вакцинацијата за време на бременоста создава антитела кои би можеле да го штитат бебето. Кога бремените жени примаат вакцина против Ковид-19, нивното тело создава антитела слично како и кај луѓето кои не се бремени. Антителата создадени откако бремената личност примила вакцина против КОВИД-19 биле пронајдени во крвта од папочната врвца. Ова значи дека вакцинацијата против вирусот за време на бременоста може да помогне во заштита на новороденчињата од Ковид-19.“ – велат од ИЈЗ.

Реакциите кај бремените жени по примањето на вакцината се слични како и кај другите. Лекарите ги карактеризираат како вообичаени, а тука спаѓаат болка, црвенило, оток, главоболка, треска и други реакции коишто се показател дека организмот создава имунитет по примањето на вакцината и траат само неколку дена. Но, од Институтот за јавно здравје потенцираат дека вакцините не предизивикуваат инфекција со Ковид кај никого, па ниту кај бебињата. Ниту една од вакцините не содржи жив вирус. Нотирано е дека не се пронајдени податоци за штетни состојки кои би можеле да и наштетат на бремената жена како и на нејзиниот плод. Според студиите, не е зголемен ниту ризикот за спонтан абортус кај жените.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе