Вести Македонија Топ вести

Возачот на министерот Бесими повреден во сообраќајката кај влада, министрите за финансии и за економија биле во службената шкода која учествувала во сударот

Министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши биле во службената шкода (сопственост на СОЗР на владата) која учествуваше во сообраќајната незгода на три возила пред владата на Илинденска.

Во сообраќајката две лица се полесно повредени. Повредени се возачот на Бесими и уште едно лице кое се наоѓало во државната шкода.

Бесими на својот фејсбук профил потврди дека се наоѓал во еден од автомобилите кои беа судрени на Илинденска.

-Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, објави министерот Бесими на ФБ профилот.

Од МВР засега испитуваат кој е одговорен за незгодата:

-На 07.02.2022 околу 19:15 час на крстосница од бул.Св.Климент Охридски и бул.Илинден се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ Шкода, управувана од Ј.Б. (38) од Скопје, ПМВ Киа, управувано од А.Т. (36) од Скопје и ПМВ Фиат, управувано од Д.П. (45) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се задобиле возачот Ј.Б. и сопатникот од истото возило Б.Љ. кои се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.Ова е првично. Официјална информација ќе има по завршување на увидот.

(фото вест ) Верижен судир на неколку возила пред Влада

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Водовод“: За еден ден потрошени 350.000 метри кубни вода

Дејан Дејан

Филков го правда изборот на неговиот посебен советник за член на Програмскиот совет на АСЈО

Дејан Дејан

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе