Вести Македонија Топ вести

Сали: Не е време за финансиски калкулации, уништувањето на вакцини и не чини толку многу

Министерот за здравство, Беким Салио смета дека не е време за финанскиски калкулации, затоа што Македонија се уште е во екот на пандемијата. Тој одговарајќи на новинарско прашање колку пари се трошат на уништување на вакцини, со оглед на тоа што кон крајот на месецот ќе бидат уништени 300 илјади вакцини, Сали  информираше дека уништување на една вијала од шест дози вакцини чини 0,29 денари.

– Сметаме дека не е момент на финансиски калкулации. Ние сме во период на една пандемија која трае, иако одредени држави веќе ја сметаат за завршена приказна, но ние се занимаваме со терцијални или секундарни работи, а приматот го забораваме. Уништувањето на вакцините скоро и да не чини многу колку што се пропагира. Една вијала која што е шест дози на вакцини чини околу 0,29 денари и мислам дека не би требало да се прави некоја политика за уништувањето на вакцини, колку што е важна навремена вакцинација на нашиот народ, додаде министерот за здравство.

Тој уште еднаш испрати апел до граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат од вирусот.

-Ние ова не го гледаме од апсект на кампања за да ги трошиме вакцините, за да не ги уништуваме. Наша кампања е со цел заштита на здравјето на населението. Сметам дека секој од нас има изгубено близок од семејство или пријател и знаеме колкава е тага на секој од нас поради фактот што сме ги изгубиле заради немање вакцини. Мислам дека го правиме она што е најсигурно и најбезбедно за нашиот народ, рече Сали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе