Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Деловна тајна е колку ќе ја чинат државата 300-те илјади дози вакцини Фајзер кои ќе бидат уништени заради изминат рок

Не се знае колку државата ќе ја чини уништувањето на околу 300.000 неискористени дози вакцина на Фајзер чиј рок е до крајот на февруари. Тие ќе завршат на депонија како медицински отпад, но од  Здравство велат дека сумата  е деловна тајна, на што земјава  се обврзала  при набавката на вакцините.

„Клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините е тоа што секоја држава па и нашата се обврзала на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка, времето на уплата, за вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзала да го почитува тоа“, велат од Министерството за здравство.

Македонија на залиха има и 113.000  Фајзерови вакцини со рок јуни, како и 60.000 вакцини од истиот производител со рок на употреба до јули.

Но и покрај овие залихи и малиот интерес за вакцинација државата набавува дополнителни количини.

До крајот на неделава ќе стигнат 250.000 илјади вакцини на Фајзер донација од Италија,  преку COVAX механизмот, а од мај до декември преку директен договор со Македонија Фајзер ќе испорача  500.000  вакцини.

Од Здравство велат дека веќе се преземаат активности за зголемување на опфатот на вакцинација.

Сега  41 процент од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцина, а само 128 илјади примиле трета доза

„ Продолжуваме и во наредниот период фокусирано, со таргет групи, со промотивни активности зашто  сите сакаме оваа пандемија да заврши што побрзо. Пораката е граѓаните  да им веруваат на стручните лица, да се информираат од релевантни извори на информации, не од  одредени најчесто социјални мрежи кои користат нестручни, непроверени и пред се лажни информации,  велат од Министерството за здравство.

Како што вчера објави Телма, во март ќе пристигнат и првите дози вакцини на Фајзер за деца од 5 до 11 години, а како што информираат од здравство, за процесот на имунизација на најмладата полулација јавноста навреме ќе биде информирана.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе