Останато Спорт

Огромен интерес за сувенири во Пекинг

Поради пандемијата кинеските власти не дозволија за време на Олимписките игри да допатуваат туристи од целиот свет и се стравуваше дека продажбата на сувенири нема да го донесе очекуваниот приход.

Сепак работите може да тргнат во позитивен правец откако на првиот ден од пуштање во продажба на ограничениот број на специјално издадена поштенска марка.

Уште од раните утрински часови се создадоа редици на колекционери кои сакаат да ја поседуваат марката кој е печатена во 11,5 милиони примероци и се очекува дека во следните два дена ќе бидат распродадени.

Поради огромниот интерес секој што сака да ја има марката може да купи максимум пет примероци.

Неочекувано огромен интерес постои и за купување на останатите сувенири со знакот на Зимските олимписки игри.

Во главниот град за само неколку часа е распродаден првиот контингент на куклите со маскотата, пандата Бинг Дуен Дуен и голем дел на жителите на Пекинг беа замолени повторно да дојдат од среда кога поради Кинеската нова година фабриките ќе продолжат со работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе