Останато Спорт

Свечено отворени Зимските олимписки игри

Под мотото Сплотени за заедничка иднина денеска во Пекинг свечено беа отворени 24-тите Зимски олимписки игри.

Кинеската престолнина е првата која во историјата на модерниот олимпизам имала чест да биде домаќин на Зимски и Летни игри, а во спектакуларното отворање на стадионот Птичје гнездо настапија преку 4000 учесници.

И покрај пандемијата на најголемиот спортски настан ќе настапат околу 3000 спортисти од 91 земјa кои ќе се борат за 109 трофеи во 15 спорта. Македонија на Игрите во Пекинг ќе ја претставуваат тројца спортисти.

Ана Цветановска и Ставре Јада ќе бидат дел од натпреварувањата во нордиски дисциплини додека знаменосецот Дардан Дехари ќе се бори за што е можно подобар пласман во алпско скијање.

Игрите свечено ги отвори претседателот на Кина, Си Џин Пинг, а и покрај најавениот дипломатски бојкот на церемонијата присуствуваа првиот човек на Русија, Владимир Путин, генералниот секретар на Обединетите нации, претседателот на Светската здравствена организација, а во Пекинг допатува и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Спортистите за медалите ќе се натпреваруваат на 13 борилишта од кои пет веќе се користеле за потребите на Летните игри пред 14 години, а вкупниот буџет на Игрите изнесува 4 милијарди евра од кои 880 милиони се покриени од страна на Интернационалниот олимписки комитет.

Поради строгите протоколи, малиот број на среќници кои добија влезници за следење на церемонијата на свеченото отворање мораа да пристигнат на стадионот осум часа пред почетокот на програмата.

Сите оние кои имаат покана за влез на трибините мораа да исполнат строги барања како што се четири негативни PCR теста во период од 48 часа како да бидат вакцинирани со две дози.

Проверката на гледачите почна точно на пладне по локално време, а контролниот пункт беше поставен на неколку километри од стадионот. На гледачите не им е дозволено да носат храна и пијалаци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе