Пред почетокот на церемонијата на свеченото отворање се одржаа и натпреварите на женскиот хокеарски турнир и мечевите од фазата по групи во мешани двојки во карлинг.
Хокеарките го комплетираа првото коло, а се дел од селекциите веќе го забележаа и вториот настап. Во меч од А групата Русија забележа победа од 5:3 во соочувањето со Швајцарија додека домаќинот Кина стигна до првиот историски триумф откако со пресврт успеа да ја совлада Данска со 3:1 и остана во трката за освојување на една од првите три позиции која води во решавачката битка за медали.
Продолжија и натпреварувањата во карлинг во мешани двојки. Во единствениот меч од А групата, Италија триумфираше над Чешка со 10:2. Во Б конкуренцијата Шведска ја совлада Австралија додека Канада беше поуспешна од домаќинот Кина. Два дуели се играа и во Ц групата. Велика Британија славеше над Австралија, а Канада забележа победа над Швајцарија. И во Д конкуренцијата победи на САД и Италија во соочувањата со Норвешка и Шведска.