Алијанса на Албанците останува на ставот дека најдобро решение се 8 изборни единици кои ќе бидат распределени според економските зони. Не веруваат дека компромис за една изборна единица може да се постигне, но добро би било да се отвори дебата во Комисијата за политички систем.
Со средбата со Алијанса на Албанците, ВМРО-ДПМНЕ ги заокружи разговорите со политичките партии за измени на Изборниот законик. Иако постои начелна согласност кај партиите од македонскиот политички блок за една изборна единица а за изборниот праг да се преговара, тоа не е случај кај партиите на Албанците. ДУИ и БЕСА се за три изборни единици.
Предлог измените се поднесени од малите политички партии пред речиси една година, но никако да отпочне собраниска процедура за нив. Заложбата за промена на изборните правила останува само декларативна .Од Владата се на став дека за ова прашање треба да се формираат работни групи кои ќе го дадат конечниот збор и дефинираат изборниот модел.
Јулијана Пешевска