Македонија Топ вести

„Безбеден град“ сѐ уште не може да проработи, а троши над два милиони евра за одржување годишно

Го користат само тајните служби, а чини над 2 милиони евра одржување годишно. Колку е платен системот за надзор со камери „Безбеден град“ е државна тајна, а информацијата и по 10 години не ја открива ниту министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Системот преку кој требаше да се казнуваат прекршоците во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни несреќи и понатаму предмет на политички пресметка. Претходната власт го набавила од израелска фирма, а оваа сеуште прави анализи како да го користи секојднево. Не се отфрла можноста за надградба, но и купување на целосно нов систем.

Освен скапиот и гломзен систем со камери на крстосниците државата поседува уште еден софтвер кој не е во функција со кој може да се регистрира а потоа и казнува: недозволената брзина и непочитувањето на патната сигнализација.

Владата го плати 70 илјади евра, а еден од патентите на софтверот е иновација и на тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски кој пак седна во обвинителна клупа дека влијаел на набавката.

Рашковски, пак, за неделникот Фокус тврди дека софтверот кој тој го набавил е оперативен но му требаат записите од камерите од „Сејфсити“ за да испорчаува казни до несовесните возачи. Додека државата поседува две нецелосни решенија со несовесните возачи на улиците се справуваат сообраќајците опремени со сигнални палки и мобилни камери. Овој пристап, според Спасовски за 4 години дал резултати и смртноста на улиците од година во година опаѓа.

Добрата оценка за црниот биланс на Спасовски се наруши минатата недела, период во кој за неколку дена 3 – ца пешаци го загубија животот.

Спасовски, не ја отфрла можноста и за обврската камерите наместо на столбовите на крстосниците да се монтираат во самите возила но ваквото решение ја загрозува слободата најверојатно ќе биде отфрлено како идеја во борбата на полицијата за безбеден сообраќај.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе