Вести Македонија Топ вести

Бајрамовска – Мустафа: Доколку утврдиме дека има потреба, ќе побараме одговорност за случајот со Амбла Адеми

Згрозени сме сите од настанот со малата Амбла Адеми, изјави во интервјуто за вестите на Телма, заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа, додавајќи дека особено боли кога ваквите однесувања од возрасните лица се повторуваат низ годините.

“Загрижува податокот дека повторно имаме ваков случај кои што укажуваат на тоа дека навистина и понатаму треба да се работи и на сензибилизација на општеството генерално, меѓутоа и на практична основа за тоа што значи инклузија на децата со попреченост во редовното образование” – подвлече Бајрамовска Мустафа.

Таа информираше дека тимот од канцеларијата на народниот правобранител веќе е на терен и ќе ги обезбеди сите потребни податоци и документација од моментот кога детето станало ученик и почнало да ја следи наставата во основното училиште , за да се утврди каков е односот, генерално на сите вклучени во воспитно образовниот процес кон детето , односот кон родителите, вклучувањето на потребната асистенција, специјалниот едукатор кој и бил доделен, каков бил односот на родителите и што е тоа што досега било пречка заради која ова дете подолг период било изолирано.

“Согласно нашите овластувања, доколку има потреба, ќе побараме и соодветна одговорност” – подвлече Бајрамовска Мустафа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе