Македонија Топ вести

Апелација ги укина куќните притвори на Рашкоски и Вељаноски

Апелацискиот суд ги прифати гаранциите на Драги Рашковски и Трајко Вељановски и им ги укина мерките куќен притвор. Двајцата понудија имот вреден вкупно нешто над 400 илјади евра како гаранција дека нема да побегнат и ќе бидат достапни на судските органи. Според одлуките кои Аплеација ги донесе во ист ден, вчера, двајцата треба да се јавуваат во Кривичниот суд секој прв понеделник во месецот и одземени им се пасошите.

Во одлуката на Аплеација која се однесува на обвинетиот за злоупотреба на службената положба и перење пари, Драги Рашковски, стои дека се прифаќа гаранција во недвижен имот во вредност од 192 илјади евра.

Станува збор за 2.089 квадрати земјоделство земјиште во Струмица, каде како и во скопско Побожје, како сопственици се јавуваат двете деца на Рашковски вредно 104 илјади евра, што укажува на можноста дека поседува дозвола за градба на парцелата. Под хипотека е ставен и станот од 83 квадрати во Скопје, каде Рашковски живее со семејството а кој е проценет на 88 илјади евра.

Како образложение на одлуката за укинување на куќен притвор стои дека станува збор за семеен човек а  понудената гаранција пртетставува доволен и реален износ.

Трајко Вељаноски пак ја понудил семејната куќа во Ѓорче Петров како гаранција дека нема да бега. Куќата од 320 квадрати, заедно со гаража и дворно место од уште 247 квадрати е проценета на 209 илјади евра.

Ставот на Апелација наведен во образложението на одлуката е дека понудената гаранција е соодветна мерка за обезбедбнување на неговото присуство за успешно водење на постапката.

Судскиот процес против екс генсекот на Владата Драги Рашковски почна минатата недела, тој е првообвинет и се товари злоупотреба на службената положба и перење пари или со зборови на Обвинителството се вмешал во 4 јавни набавки околу техничката спецификација, давал хонорари на блиски луѓе и отплаќал кредити.

Околу имотот кој го поседува,а е на префрлен на неговите деца, кажа дека е купен со штедење

Понашениот собраниски спикер Трајко Вељаноски кој беше обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста како организатор на насилствата во Собранието од 27 април и во јули минатата година осуден на шест и пол години затвор чека уште една одлука од Апелација по жалба за изречената казна за која сеуште не е закажана јавна седница.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе