МОН контра градоначалникот на Општина Аеродром околу реизборот на директорот на најголемото скопско основно училиште „Лазо Ангеловски“. За градоначалникот, директорот Перо Арсеновски не е соодветен избор, пред се поради неговиот бекграунд и низата скандали и пресуди, за образование е спорно што Муцунски не донел управен акт во кој се наведени причините поради кои Општината го одбива предлогот за директор.
Со ова министерството ја префрла топката кај локалната самоуправа и отвара врата за евентуална судска постапка која би ја повел директорот Арсеновски.
Арсеновски, чиј мандат истекува оваа недела, во ноември распиша конкурс за диркетор на учиулиштетот на кој самиот се пријави. Училишниот одбор одлучи во негова корист и ги елеиминираше останатите двајца кандидати.
Муцунски смета дека постапилк согласно Законот за образование и писмено го информирал МОН за одлуката дека Арсеноновски нема да го именува за директор на училиштето
Арсеновски има скандалозно досие со напади и вознемирување на вработени и мајки на ученици за кои има и судски пресуди кои по истекот на законскиот временски рок ги има избришано од неговото досие но сепак фигурираат во судската евиденција.
Последната пресуда му беше изречена во септември минатата година за малтретирање и вознемирување на вработена во училиштето кое тој го раководи а пресудата ја обжали на Апелација која го укина мерките.
Во септември 2019 година сопругата и ќерката на директорот Арсеновски нападнаа вработена во училиштето а тој не ја извести инспекцијата и надлежните органи во МОН, иако случајот беше пријавен во МВР. Во тој инцидент неговата ќерка рафрла голем број на копии од слики со експлицитни фотографии во училишниот двор до кои имаа пристап и малолетните деца.
Вработена во училиштето, за емисијата „КОД“ пак сведочеше во детали за мобингот и сексуалното вознемирување од страна на директорот Арсеновски кое морала да го издржи за да остане на работното место.
Огнен Чанчаревиќ