Вести Македонија Топ вести

Стартуваат македонско-бугарските работни групи

Работната група за економија, трговија и иновации меѓу Македонија и Бугарија ќе го скрши мразот и утре ќе биде првата која ќе оддржи состанок, по официјализирањето на петте работни групи пред седум дена во Софија за подобрување на односите меѓу двете земји.

Домаќин на средбата во Скопје ќе биде министерството за финансии, кое уште вечерва во Скопје ќе ги пречекаат бугарските колеги, а утре по состанокот е предвидено и заедно да им се обратат на медиумите.

Со работната група за економија всушност стартува календарот кој го договорија македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, секоја недела до јуни една од четирите работни групи – за економија, инфраструктура, култура и образование и евроинтеграции да одржаува состанок за реализација на проекти и прашања од заеднички интерес, со цел дел од тие теми до тогаш да бидат затворени или унапредени.

Од ваквото темпо на работа на работните групи исклучок ќе биде работната група т.е. Комисијата за историски прашања, која до средината на мај наместо две ќе има три средби.

„Ние сме подобра положба и ситуација од новосоздадените работни групи кои допрва треба да утврдат како ќе работата. Тие се уште се со сферата на ичекувањата. Но ние имаме насобрано искуство, знаеме што може да очекуваме и кон очекувањата да пријдеме со реализам, без многу емоции и внимание“, рече Димитров.

Димитров и покрај забрзувањето на работата на Комисијата отфрла дека некој може да и наметне рокови за решенија, односно дека нема да и се дозволи таа да не покаже напредок.

„За мене е срамен изразот ’нема да се дозволи’. Кој треба да дозоли? Комисијата е сепак научен орган, и покрај тоа што е создаден во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство. Така што таа според свој внатрешен правилник решава како ќе работи“, вели Димитров.

Тој притоа за работата на Комисијата вели дека и по три и пол години таа е заглавена на средниот век, на теми кои се изучуваат во основно училиште. Вината за тоа Димитров ја лоцира во македонска страна, велејќи дека таа е неподготвена да прифати дека двете земји имаа заедничка историја, која започнува во средниот век.

Првиот човек македонскиот дел од Комисијата, Драги Ѓоргиев, пак на ова одговори дека приближување на ставовите зависи и од двете страни, а оти ваквите изјави на Димитров однапред одредува во која насока ќе се движи работата на Комсиијата.

„Нема промена во реториката и во пристапот на бугарската страна и сѐ додека е тоа така, не очекуваме дека ќе има придвижување. Кога едната страна ја обвинува другата страна дека не сака да ја прифати апсолутната вистина на првата страна, не може да се очекува напредок во процесот. Бугарската страна инсистира на заедничка историја, воспоставена во средниот век“ – потенцира шефот на македонскиот тим во историската комисија, Драги Ѓоргиев.

Ѓоргиев притоа објансува дека македондската страна не бега од заедничка историја, но оти тоа во никој случај не е заедничка историја на начин како што ја сфаќа бугарската страна. Според него пристапот на бугарската страна за заедничката историја имплицира заедничка историја на ист народ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе