Македонија Топ вести

Арсовска најави пријави за работењето на Шилегов, СДСМ критикува

Пријави пред надлежните институции против нејзиниот претходник и неговите соработници,  веќе во следните денови најави градоначалничката на Скопје. Вели дека токму ревидирањето на работата на претходната градска администрација и непродуктивното трошење на парите на граѓаните по кафеани и за луксуз, е и причината за постојаните напади врз неа, кои ја натерале да даде отчет за сработеното во првите 82 дена од функцијата, наместо да чека да поминат барем 100 дена.

Во својот отчет, Арсовска наведе дека се исчистени 150 депонии, воведена е двосменска работа на инспекциите и драконски казни за загрозувачите на животната средина, донесен е предлог-закон за заштита на Водно, поевтинет е паркингот, а се вратени и ноќните автобуски линии, како и одбројувачите на семафорите. Воспоставена е телефонска линија за граѓаните, формиран е Зелен совет од 25 експерти, професори и архитекти, а парите за угостителски услуги се пренаменети во оброк за социјално загрозени семејства.

Воспоставен е ветинг на директорите на градските претпријатија, низ кој ќе мора да поминат сите кои во иднина ќе аплицираат за одредена позиција или унапредување. Се ревидираат и проценките на имотот на граѓаните, забрането е користење на возниот парк за приватни потреби, а формиран е и Совет за поддршка на женско претприемништво, како и тимови од  претставници на градските сектори, како и од Јавните претпријатија, што ќе ги нотира и решава проблемите во запуштените населени места во Скопје.

Социјалдемократите ја критикуваат Арсовска дека прекинала неколку проекти од нејзиниот претходник, како брзиот автобуски превоз во Скопје, двата нови моста и Универзалната сала, дека го поништила конкурсот за прем на нови пожарникари и ја партизирала градската администрација.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе