Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Огромен пораст на смртноста од Ковид за една недела, а растат и реинфекциите

За огромни 76 проценти пораснал бројот на починати од Ковид-19 во последната недела. Ако минатата недела битката со вирусот ја загубиле 55 пациенти, од 17 до 23 јануари овие статистики се речиси дуплирани, со 97 починати. Овие податоци се дел од Извештајот на институтот за јавно здравје од каде што информираат и дека најголемиот дел од починатите пациенти се на возраст над 60 годишна возраст, но има и помлади – двајца од 30 до 39 години, двајца и од 40 до 49 годишна возраст. За периодот кој го опфаќа извештајот забележан е пораст на бројот на позитивни, со 11.610 новопотврдени случаи од над 39 илјади тестови. Тоа е за 4,5% повеќе споредено со минатата недела, а инфицирани има во сите градови низ државата. Се бројат и за 25% повеќе реинфекции – или 1559 пациенти по вторпат добиле позитивен ПЦР-тест.

„Се забележува зголемување на бројот на заболени кај речиси сите возрасни групи, со најголемо зголемување кај возрасната група од 0 до 9 години (31%) и возрасната група над 60 години со зголемување од 17% во однос на претходната недела. Се регистрира намалување на бројот на заболени кај возрасните групи од 10 до 19 години.“

Во меѓувреме, Кризниот штаб го направи претпоследниот чекор за воведување на нова мерка. Испратија до Владата предлог за скратување на времето за домашна изолација. Лицата коишто добиваат позитивен ПЦР-тест и се водат како асимптоматски случаи, да бидат 7 дена наместо 10 дена во домашна изолација. Од Министерството за здравство побаравме одговори околу прашањето – во која група ќе спаѓаат лицата кои имаат полесни симптоми и имаат потреба од симптоматска терапија или само витаминска терапија, но нема одговор. Велат дека ќе почекаат одлуката да помине на Влада, а потоа ќе бидат прецизирани сите детали. Во меѓувреме состојбата низ државата полека станува критична, среде бранот предизвикан од варијантата Омикрон. Има места како што е случајот во Штип, каде што заразени се голем број на лекари и медицински сестри од болницата. Притисокот на сите здравствени установи е голем заради огромниот притисок за тестирање и правење крвни анализи.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе