Ракомет Спорт

Скандинавско дерби за пласман во полуфинале

На Европското првенство во ракомет денеска се играат натпреварите од претпоследното коло во втората група од главната рунда.

Во првиот натпревар од 15 часот и 30 минути, Шпанија се среќава со Полска и со евентуална победа актуелниот европски првак ќе направи крупен чекор кон пласман меѓу четирите најдобри на континенталното првенство.

Од 18 часот Германија ќе се соочи со Русија и селекцијата која ќе победи во овој меч има големи шанси за освојување на третата позиција во групата што може да донесе директен пласман на претстојното Светско првенство што ќе се одржи следната година.

Во последниот дуел од денешната програма ќе се сретнат големите ривали Шведска и Норвешка кои директно решаваат за пласман во полуфиналето.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе