На неполни две недели пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг почнаа да пристигнуваат првите членови на делегациите кои ќе бидат дел од најголемото спортско натпреварување.
Според последните информации од домаќините во трите олимписки села пристигнаа спортисти и помошен персонал од дваесетина земји меѓу кои се Велика Британија, Австралија, Канада, Финска и САД.
Најголемиот дел од луѓето кои допатуваа во Кина се членови на делегациите кои ќе се грижат за логистиката при пристигнувањето на спортистите како и подготвувањето на распоредот за завршните тренинзи пред почетокот на Игрите. Олимписките села во трите града Пекинг, Јан Кинг и Жанг Џија Ку официјално ќе бидат отворени на 27 јануари кога се очекува да пристигнат првите спортисти.
Македонија на Игрите во Пекинг ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи Ставре Јада, Дардан Дехари и Ана Цветановска.