Поради зголемениот број на инфицирани лица со корона вирусот во земјата, но и во областа што се наоѓа во непосредна близина на градот домаќин на Зимските олимписки игри, Пекинг, Јапонскиот национален комитет ја разгледува можноста секој од спортистите што ќе патува во Кина да биде вакциниран и со трета доза.
Откако во Јапонија се регистрирани преку осум илјади инфицирани во еден ден, националниот олимписки комитет во следниве денови се очекува да донесе одлука секој од учесниците на Игрите во Пекинг да прими и трета доза на вакцина се со цел спортистите, помошниот персонал и членовите на делегацијата да се заштитат од евентуална инфекција.
Со оглед на фактот дека до почетокот на Игрите има уште неполни четири недели се смета дека спортистите ќе бидат заштитени и дека нема да има поголем ризик од инфекција.
Според протоколот на Игрите, третата доза не е обврзувачка за учесниците бидејќи веднаш по пристигнувањето тие ќе бидат во таканаречениот затворен систем и нема да имаат контакт со надворешната средина.