Вести Македонија Топ вести

Андреј Петров: За мене Бугарите биле окупатори не администратори

Поранешниот градоначалник на Карпош и партиски секретар на СДСМ, Андреј Петров, гостуваше во рубриката Да си кажеме… со Горан Петрески на Утринската програма на Телма.

Петров вели дека не ни треба Европска унија по секоја цена.

„Не можеме да ја менуваме историјата, значи за мене Бугарите биле окупатори не администратори. Не можеме да зборуваме за јазикот и идентитетот заради тоа што тоа е слобода, тоа е нешто што не зависи од никој друг туку зависи од нас самите и е факт што се случува на повеќе катедри на универзитети низ целиот свет, и на прашањето на Уставот значи не е проблем да влезат Бугарите во македонскиот Устав бидејќи тоа покажува дека ние сме различни народи, но, нормално е дека тоа треба да биде со реципроцитет, решавање на правата на Македонците во Бугарија, на македонското малцинство во Бугарија.“ – изјави Петров.

Инаку Петров беше избран за член на Извршниот одбор на владејачката СДСМ со изборот на Димитар Ковачевски за нов претседател на партијата. Петров беше партиски секретар на СДСМ во времето на Бранко Црвенковски, а беше и привремен градоначалник на Карпош.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе