Вести Економија Топ вести

Дел од операторите им ги раскинаа договорите на општинските претпријатија

Бизнис секторот, но и локалните власти во земја се на колена, откако дел од операторите деновиве им ги раскинаа договорите за електрична енергија, поради високата цена на светските берзи.

Од први јануари голем дел општините, комуналните претпријатија, градинките и училиштата, кои се дел од локалната власт ќе плаќаат повисоки сметки за струја и тоа за три до четири пати. За проблемот веќе е разговарано е и на ниво на ЗЕЛС.

ЗЕЛС втората седница ќе ја има по Нова година, кога ќе се знае и колкав е бројот на општините на кои им се раскинати договорите за набавка на струја и каков став ќе заземат.

Општините кои веќе треперат од страв по раскинатите договори, алармираат дека на удар ќе бидат јавните претпријатија што користат струја во системите за водоснабдување.

Штипски „Исар“, досега плаќал пет милиони, но од наредната година месечната сметка се очекува да биде 20 милиони денари.

Ова може да повлече и зголемување на цената на комуналните услуги. Помалите општини, на кои комуналните претпријатија веќе им се дават во долгови се во страв од можни блокади.

  • „Очекувањата за повисоки сметки ќе ни го отежне работењето осбено за комуналните услуги. Задолжувањата ќе растат, ако имаме во предвид дека нашето комунално претпријатие има заостанат долг за струја од 16 милиони денари. Тешко ќе може да се плати и тековната сметка и ратата за стартиот наследен долг“, вели Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со став дека не можат да се мешат во либерализираниот пазар на струја, но со Регулаторна разговараат дали раскинатите договори се согласно законите.

Поголемиот дел од градоначалниците од источниот регион за Телма велат дека наредната година ако нешто не се смени или пак Владата не интервенира наместо реализација на капитални проекти, парите ќе им ги изеде струјата.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе