Стралинк, сателитската интернет мрежа управувана од компанијата за вселенска технологија на Илон Маск, Спејс Икс, се соочува со кинеската реакција.
Пекинг соопшти дека вселенската станица во земјата имала две „блиски средби“ со сателитите Старлинк и морала да изврши маневар за спречување несреќи.
Настаните се случија на 1 јули и на 21 октомври, според документот што Кина го достави до Канцеларијата на Обединетите нации за вселенски прашања овој месец.
„Од безбедносни причини, кинеската вселенска станица спроведе превентивна контрола за избегнување судир“, се вели во документот објавен на веб-страницата на агенцијата.
Спејс Икс не одговори на барањето на Би-Би-Си за коментар.
Откако беше објавена жалбата, Елон Маск, Старлинк и САД беа жестоко критикувани на кинеската платформа за микроблогирање Веибо која е слична на Твитер.
Еден корисник ги опиша сателитите на Старлинк како „само куп вселенски отпад“
Тој рече дека сателитите се „американско вселенско воено оружје“.
„Ризиците на Старлинк полека се разоткриваат, човечката раса ќе ја плати цената за сите свои комерцијални активности“ рече тој.