Во судница спротивставени, во бизнисот партнери со син му. Фирмата „Бест Веј“ на Јордан Мијалков и бизнисменот Алек Теранова, сведок на обвинителството за „Плацеви на Водно“, гарантираат со 32 илајди метри квадратни вредни 4,7 милиони евра дека Сашо Мијалков нема да избега. Ова е втор највреден имот веднаш зад бензиските пумпи на син му на Мијалков наведени во гаранцијата до судот во висината од вкупно 11 милиони евра која по два дена откако му беше укинат, па вратен притворот aпелацискиот суд ја објави.
Скриени се имињата и адресите, но лесно може да се заклучи дека гаранции во вредниот имот освен фирмите на син му и Алек Теранова и самиот Мијалков заложил стан во сопственот на лично неговата фирма за послужување пијалоци „Спин груп“.
Одлуката за слобода на апелација од пред два дена открива дека за притворот на Мијалков и неговите жалби и во мај и пред два дена одлучувала иста „тројка“ судии. Тања Милева, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов завчера не се сомневале во бегство на Мијалков и навеле.
По оценка на овој совет, основани се жалбените наводи на обвинетиот дека првостепениот суд при донесување на обжаленото решение погрешно утврдил дека понудената гаранција не преставува вредносно обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на постапката, се вели во решението на апелациониот суд.
Истите судии во јуни годинава му го одбија истиот имот како гаранција, со образложување дека сепак Мијалков може да избега.
Во оваа насока, советот на првостепениот суд ги имал во предвид видот, карактерот и природата на кривичните дела, степенот на кривична одговорност, видот и висината на запретената казна за ваков вид на кривични дела за кое се терети обвинетиот и правилно оценил дека во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на обвинетиот доколку му се овозможи да се брани од слобода, заради одбегнување на евентуална кривична одговорност, се вели во решението од 07.06.2021.
Мијалков не се сретна со слободата откако Кривичниот суд експресно му одреди притвор истиот ден по одлуката на апелацијата за предметот „Плацеви на Водно“ но сега со дополнување во причните дека може да контактира со странски служби за помош во бегство.
Последниот збор ќе го има апeлација во понеделник кога треба да се изјасни дали се согласува со кривичен или ќе ја уважи жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков.
Павле Беловски