Вести Македонија Топ вести

Нема предвремен зимски распуст за учениците

Во државава се активни 5377 Ковид случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата  достигна 221 411, а починале 7825. Од новозаразени 127, најмногу има во Скопје 90, по што следува Охрид со девет, Битола и Штип по шест. Засега нема најави за нови рестриктивни мерки меѓу кои и предвремено почнување на зимскиот распуст за учениците поради проценките дека состојбата со ширењето на вирусот е стабилна.

Во државите од регионот продолжуват да се споделуваат нови информации за ширењето на варијантата Омикрон. Во Грција, досега има има вкупно 26 случаи на Омикрон и се очекува зголемување на бројот.

Во Словенија, пак, бројот на новозаразени лица продолжува да опаѓа, а бројот на хоспитализирани исто така се намалува, но Владата не најавува олабавување на мерките за божиќните и новогодишните празници поради сојот Омикрон, од кој се потврдени 20 случаи, а стотина луѓе се во карантин. Организаторите на Светскиот економски форум во Давос објавија дека јануарскиот состанок на Форумот е одложен поради Омикрон варијантата на коронавирусот.

СЗО повика да се одложат сите божикни и новогодишни прослави. Од организацијата потврдија дека омикронот може да ги нападне и оние кои прележале ковид, и вакцинираните. Светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година, порача Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе