Вести Ковид19 Македонија Топ вести

За 8 отсто е намален бројот на новозаболени лица од ковид во државата

Со 1.922 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, забележано е намалување од 8,0% во однос на минатата недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во текот на мината недела вкупно се пријавени 36 реинфекции, што е за 38,5% повеќе во однос на претходната недела.

Изминатава недела регистрирани се 66 смртни случаи од 22 градови, а најголем дел од нив се од Скопје. Од починатите најголем дел припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години, две лица од 40-49 години и едно лице од возрасната група 30-39 години.

Забележително е намалувањето на инциденцата во 28 градови во државата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена, со најголемо намалување во Берово. Во 7 градови се забележува зголемување на инциденцата во последните 14 дена, а најголемо зголемување има во Кичево, Гостивар и Виница.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци, Скопје и Неготино, а најниска инциденца од 4.765,8 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод.

Вкупно 347 лица се хоспитализирани во болниците што е за 18,7% помалку во споредба со претходна недела. Од нив, 243 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе