Вести Македонија Топ вести

Дали неделата ќе биде прогласена за неработен ден од 1-ви јануари?

Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден.

Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.

Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на на последиците предизвикани од пандемијата врз производството и откупот на земјоделските производи и врз производството и откупот на грозјето. Собранието треба да се изјасни и за Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Како последна точка на денешната седница е ставен Извештајот на Европската унија за напредокот за земјата за 2021 година.

Инаку овој закон неодамна предизвика и протести од сојузот на синдикати од каде бараат од пратениците да ги усвојат измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор. Испратија порака до пратениците, дека не може вторпат да не го усвојат законското решение за недела неработен ден. По средбата со пратениците им беше ветено дека законот ќе биде изгласан и ќе почне да важи од 1 јануари.

Со овој предлог закон работниците ќе имаат право на слободен ден во текот на неделата и додаток на плата во висина од 50%. Во недела ќе работат моловите, дел од прехранбената индустија, угостителските објекти, рудниците, медиумите,здраствени институции, противпожарна служба,фотографски, креативни, уметнички дејности и други.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе