Вести Македонија Топ вести

Агим Нухиу: Не се согласувам со помилувањата на Бојан Маричиќ

Заменик-министерот за правда Агим Нухи, во соопштение на Фејсбу тврди дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер Бојан Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.

На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда има 48 лица.

Меѓу помилуваните е бизнисменот Сеад Кочан, осуден во рамките на предметот Труст на СЈО за злоупотреби со набавки за РЕК Битола. Парите, Кочан се уште не ги врати во буџетот зашто фирмите или се затворени или пак имотот е даден под хипотека. И за хипотеките во тек е кривична истрага.

На листата за помилување како што објави Алсат е и Александар Василевски-Нинџа,осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на 27-ми април. Тој сведочеше против останатите учесници и организатори во крвавиот четврток за што доби казна затвор под законскиот минимум и го понесе епитоте контроверзен сведок на обвинителството.

На листата на помилувани е и кумановецот Бобан Илиќ, осуден за сообраќајна несреќа откако брутално го прегази 4-годишниот Алмир Алиу во Куманово. Многумина бараа да му се суди за убиство, но обвинителството го гонеше за најтешкото сообраќајно кривично дело. Илиќ во прв степен беше осуден на 6 години затвор, а потоа Апелациониот суд во Скопје му ја намали казната на 4 години. Според информациите на Телма, кумановскиот затвор дал предлог за помилување.

„За предлозите за помилување на некои затвореници, кај заменик министерот за правда не се согласив и секако институционално реагирав!

Предлозите до Управата на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела вознемируваа граѓани и ги уриваа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од министерството за правда.

Никогаш нема да молчиме за каузата на правдата!“, напиша Нухиу.

Конечната верзија на списокот ќе биде испратен до Комисијата за помилување, во кабинетот на претседателот на државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе