Вести Македонија Топ вести

Правда ја повлече листата за помилување- очекува нов ревидиран предлог без спорните имиња од директорите на затворите

Испливаа во јавноста како осуденици за помилување, а заради нив и притисокот од медиумите министерот за правда Бојан Маричиќ одлучи да го врати списокот со 48 лица назад кај затворските служби на повторно разгледување. Сведокот и обвинетиот од обвинителството за случајот „27-ми април“ Алексаднар Василевски – Нинџа, одговорниот за смртта на малиот Алмир, Бојан Илиќ и бизнисменот Сеад Кочан обвинет од СЈО ќе бидат повлечени во барањето за помилување, најави Маричиќ иако и тие ги исполниле условите за кратење на казната според Законот за помилување.

Списокот за помилување оди на равизија, но црвената боја во знак на револт останува разлеана пред вратата на министерството. Ја истурија младите приврзаници на партијата Алијанса за Албанците и побараа оставки.

Листата ја скориле директори на затворите според критериумите во законот за помилувања, а кај 45 лица било барано кратење на затворските казни, додека за тројца целосна слобода. Маричиќ не им верува на осудениците кои би направиле се да за дојдат до слободата, но не се сомнева во корупција и политичко мешање во одлуките на директорите.

Новогодишнотот помилување последен треба да го соопшти претседателот на државата Стево Пендаровски а да го потврди мешовитата комисија од професионалци од различни сфери, меѓу кои и првиот човек на обвинителството Љубомир Јовевски.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе