Затворени дуќани, ресторани без гости и натписи дека дуќанот се издава… Ова е сликата што секој посетител ќе ја забележи при посетата на старата скопска чаршија. Градот, кој важеше за „тврдина“ на занаетите во Македонија, со текот на времето остана без занаетчии.
Биљал Абдуловски кој половина век од својот живот работи како шнајдер вели дека младите во државата не сакаат да бидат занаетчии поради тоа што не гледаат перспектива во оваа работа.
Корона кризата значително влијаела врз состојбата во која се наоѓа скопската чаршија. Угостителите велат дека работат од ден – за ден, а новите рестрикции што ги воведе Владата дополнително им го отежнала нивното работење.
Според мене одлуката за две дози вакцина не е правилна. И јас сакам да се реши оваа состојба, да нема заболени, но од перспектива на работа многу е лошо. Многу влијае, денес кога ќе се донесе одлука, утре се јавуваат последиците – Јасин Ахмет.
Дуќанџиите и занаетчиите за ваквата состојба во која се наоѓа чаршијата сметаат дека иселувањето, економската состојба, а сега и короната се најголемата причина.
Старите занаети умираат, но од ден на ден се повеќе се зголемува интересот за помодерните занаети, козметичари, фризери или пак слаткари, но занаетчиите во старата скопска чаршија спасот за нивниот опстанок го гледаат во помошта од државата. Само така се надеваат дека во новата година ќе се отвортат затворените кепенци од нивните дуќани.
Мартин Николовски