Македонија Топ вести

Додека дарувам крв имам чувство како да сум дел од хорор филм

„Додека дарувам крв имам чувство како да сум дел од хорор филм“, вака охридските крводарители ја опишуваат состојбата во Службата за трансфузиона медицина  во Охрид, сместена во подрумот на објект  во кругот на Охридската  болница. Реакциите  продолжуваат, откако  долгогодишен  крводарител  вчера на социјалните мрежи сподели фотографии од просториите во кои се ѕидовите се распаѓаа од   мувла и влага, прозорците и вратите се искршени, инвентарот стар,  условите недолични.

Крводарител сум од 2005, сум дарувал крв 18 пати. Состојбата со охридска Трансфузиологија  е  тотална катастрофа. Додека дарувам крв имам чувство како да сум дел од хорор филм.  Ме мотивира само љубезниот персонал и фактот дека  спасувам човечки живот“, вели еден крводарител од Охрид. 

Од Институтот за тарансфузиона медицина   во чија надлежност се службите  за Телма соопштија  дека Министерството за здравство веќе отпочна постапка за изградба на нов објект во кругот на охридската болница, а тоа денес го  потврди и министерот Филипче. Во меѓувреме можно е да се најде и дуго решение за службата.

Тоа ќе биде еден од приоритетите за следната година во делот на зајакнување на болничкиот капацитет во Охрид. Дотогаш може да се направат некакви прераспределби, тука сме во комуникација со директорот верувам дека како што додека не трпеше целокупниот процес во делот на снабдувањето со крв ќе го решиме и овој инфраструктурен проблем, рече Филипче.  

Но, не само во Охрид, лоши услови има и во службите во Велес и Прилеп, за кои е планиран обнова следната година. Во изминатиот период   реновирани се просториите на Институтот во Скопје,  службите во Битола и Струмица, а во завршна фаза е обновата на објектот на службата за Трансфузиологија во Гостивар.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе