Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен акт против 57 – годишен кумановец кој се товари дека со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица.
Поттикнувањето го вршел заради безобзирна одмазда на смртта на неговата ќерка, која загинала во сообраќајна незгода превезувајќи се во возило како сопатник.
Убиството кое обвинетиот го нарачувал, требало да биде ивршено врз две лица кои во моментот на несреќата биле заедно со неговата ќерка во возилото, како возач и сопатник, како и врз таткото на возачот.
Обвинетиот за да го изврши делото, искористил претходен долг на парични средства кои тој му ги позајмил на еден од пријавителите, оштетен во предметот.
Oбвинетиот му позајмил 50.000 евра на оштетениот, на која сума постојано засметувал камата, со што го зголемувал долгот до сума од 80 000 евра. Искористувајќи го фактот дека оштетениот му должи пари, обвинетиот во периодот од април до август 2021 година, на различни локации во Куманово, на оштетениот, а потоа и на друго лице, исто така оштетен, им предложил, наместо да му се врати дологот од 80.000 евра, тој долг да го прости, а воедно да им додаде уште 40.000 евра. За возврат, побарал од оштетените да им го одземат животот на трите лица.
Откако увидел дека не постапуваат по договореното, обвинетиот неколкупати, покрај понудените парични средства за да ги извршат бараните убиства, започнал да им се заканува на оштетените по нивните, како и по животот и телото на членовите на нивните семејства. Оштетените одбиле да ги извршат убиствата и случајот го пријавиле во полиција.
Заедно со обвинението, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека околностите поради кои што притворот е определен се уште постојат и тоа опасноста од бегство доколку обвинетиот се брани од слобода, како и опасноста од повторување и довршување на делото или од можно сторување на ново кривично дело.
Во соопштението на обвинителството ги нема останатите дела, особено поврзани со сообраќајната несреќа во која лани во јануари загина Јелена Филиповиќ, ќерка на сега обвинетиот.
Семејството се сомневаше во делови од записникот и тврдеше дека има погрешни фактички наводи и за сообраќајната несреќа и за вештачењето. Обвинетиот возач бил под дејство на алкохол и под дејство на хемиски супстанци (кокаин) кога се случила сообраќајната несреќа во Миладиновци.
На судењето возачот призна вина и беше осуден на 7 и пол години затвор, но најблиските на загинатата Јелена беа разочарани затоа што со признание на вина, доказите нема да се прикажуваат во суд и јавноста нема да ги види како што сметаат пропустите на истрагата.
Обвинителството во Скопје пак тврди дека сите докази се прибавени на соодветен и законски начин и дека немало можност ниту било каков доказ дека девојката била поместувана по несреќата или пак била убиена како што сметаа роднините.
Еден од најморбидните настани поврзани со случајот, се одигра на 11-ти октомври оваа година кога гробот на загинатата Јелена беше ископан и осквернавен од двајца затвореници и еден кумановец со криминално досие. Обвинителството во Куманово го истражува осквернавувањето и според првичните искази, ограбувачите барале златен накит за кој слушнале дека е оставен при погребот.
Семејството на Јелена пак ова осквернување го оцени за обид да ги вознемират пред да почне судењето против возачот. Еден ден претходно, мајката на загинатата пријавила вознемирување од луѓе наводно блиски на семејството на возачот и на сопатничката, при несреќата. Тоа беше втор сличен пријавен случај на закана и вознемирување.
Претходно семејството постави и билборд пред комплексот судови во Скопје во кое стоеше дека загинатата тинејџерка е убиена од пијан и дрогиран возач.
Во август оваа година пак таткото беше уапсен како дел од истрага за нарачано убиство откако судскиот процес за сообраќајната несреќа се уште не беше во тек и почнат.
Повеќе за целиот случај во емисијата КОД: