Македонија Топ вести

Истрагата за автобуската несреќа во Бугарија тамошното обвинителство ја насочува кон возачот

Човечка грешка или непрофесионалност на возачот. Ова е се поизвесно дека ќе се утврди како причина за автобуската несреќа во Бугарија, во која во македонски автобус на Беса Транс загинаа 45-мина македонски државјани. Ова доаѓа после денешната изјава на директорот на националната истражна служба и заменик главен обвинител Борислав Сарафов за БНТ. Според него еден професионален возач морал движењето да го прилагоди според условите на патот и покрај тоа што автобусот се движел во рамки на дозволените 120 километри на час.

Според обвинителот во никој случај нема причинско последична врска меѓу катастрофата и лошата сигнализација на патот. Вели до некаде сигнализацијата требало да ја олесни состојбата за возачот, но тој требало да биде повнимателен, да вози со прилагодена брзина и поконцентрирано. Тоа што речиси на средината на патот и веднаш после свиокот на десно се наоѓа банкината на која буквално се насукал и таа распарчила дел од автобусот, според бугрските обвинители не би требало да е причина. Сепак вели ќе ги почека клучните вештачења судско медицинското, автотехничкото и пожарно техничкото кои се комплексни но ќе ги утврдат конкретните причини за несреќата.

Вештачењата за несреќата се очекува да бидат готови до 24 ти декември кога е и Божиќ во Бугарија. Во меѓувреме македонското обвинителство ништо не открива за тукашната истрага за да не се наштетело.

Предметот кој се однесува на работењето на правниот субјект – организатор на патувањето, како и постапувањето на други надлежни органи, е во фаза на предистражна постапка во рамките на која интензивно се преземаат дејствија за утврдување на фактите и евентуална кривична одговорност. 

Во несреќата која се случи на 23 ноември загинаа 45 мина од кои 12 деца, а сите се враќаа од туристичко патување во Истанбул. Автобусот кој се движел на автопатот Струма удрил во металната преграда која го раздвојува коловозот од одморалиштето, се запалил и застанал на во лево меѓу две банкини. Изгоре брзо а од пламенот се спасија само 7 мина патници. Туристичката агенција Беса Транс и нејзиниот сопственик Беким Хаџиу во Бугарија не се под истрага,

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе