Вести Македонија Топ вести

Ќе се набавуваат 10.000 дози Фајзер за деца од 5 до 12 години

Владата ќе набавува вакцини и за децата. На денешната седница на владата донесена е одлука за набавка на 500 илјади дози вакцини Фајзер. Во нив се вклучени и дозите за деца во количина од 1 процент од вкупниот број на деца во државата на возраст од 5 до 12 години, или околу 10 илјади дози. Вакцините за деца ќе се испорачаат во првото тромесечје од идната година, а вкупната количина вакцини треба да стигне до декември 2022, соопшто вечерва Владата.

Инаку, до сега во државата со две дози вакцини против Ковид вакцинирани се 39,4 проценти од населението. А дневната ковид статистика е 14 починати и 353 нови заразени. 10-мина починале во последните 24 часа ,а четворица во периодот од 19 ноември до 11 декември. Активни случаи има на д пет илјади, а од почетокот на пандемијата од Ковид починале 7.754 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе