Вести Македонија Топ вести

Во ова комбе „спакувал“ 41 мигранти за криумчарење

Дури 41 луѓе се најдени во комбе  со скопски регистрации во товарниот заден дел.

Полицијата соопшти дека приведениот возач имал српско државјанство и 20 години. Бил уапсен пред патарината кај Демир Капија на автопатот А1.

Мигрантите биле од Куба и од Индија, 5 од нив се малолетни.

МВР соопшти детали за акцијата:

На 10.12.2021 во 22.10 часот пред наплатна станица Демир Капија, на автопатот А1 Неготино- Демир Капија од полициски службеници од полициска станица Неготино и мобилната единица од Скопје е лишен од слобода Ф.Р.(20) од Р.Србија кој управувал товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал 41 мигранти од Куба и Индија, од кои пет малолетници.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе