Вести Македонија Топ вести

Кочанчани и оваа сезона дишат најзагаден воздух во Источниот регион

Жителите на Кочани алармираат дека и оваа сезона дишат најзагаден воздух во источниот регион. Секојдневно објавуваат видеа и слики, како од нечиј фабрички оџак се загадува воздухот. Според еко активистите во кочанскиот регион има повеќе загадувачи. Сметаат дека единствен спас е користење на еко гориво.

Тодоров вели дека чекаат на поставување на дополнителни мерни станици, кои не се во системот на Министерството за животна средина. Граѓаните на екрани ќе може да видат каков воздух дишат. Од локалната власт посочија дека  вклучени  во проект во кој прво ќе ги откријат сите загадувачи, па ќе кројат план како да се справат со нив.

Ние како општина Кочани заедно со Министерството за животна средина ќе работиме да ги идентификуваме  загадувачите, што е прв и најзначаен чекор во борбата за намалување на загадувањето, но ќе го продолжиме и проектот за субвенции на клима уреди за да се напушти греењето со дрва“, вели Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани

Енергетската криза сепак граѓаните ги предомисли годинава да се грејат на струја, па повторно ги активираат печките на дрва. Со години се говори дека решението е гасификацијата, но засега проектов тапка во место.

Истражувањата на експерти и на лабароториите покажаа дека домаќинствата се најголемите загадувачи. Високи 90 %, паѓаат на нивна сметка и се  главните виновници за високите концетрации на ПМ честички во воздухот.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе