Вести Македонија Топ вести

Данела Арсовска најави референдум за БРТ-системот во Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека сериозно размислува да побара референдум за тоа дали граѓаните на Скопје сакаат да го видат воведувањето на Бас рапид транзит (БРТ) системот или трамвајот на тркала.

Имавме состанок со ЕБОР, на кој што јас ги елаборирав сите работи кои се ризици во процесот. Тука имаме и состојба по која граѓаните одбраа поинаков концепт преку изборите. Во самата програма понудив проекти за кои граѓаните одлучија. Референдумот е една од опциите дали граѓаните сакаат едно или друго решение. Тоа не го исклучувам Ќе почнеме да го практикуваме за секое клучно прашање. За БРТ системот скопјани не се консултирани. Исто така, граѓаните не се запознаени целосно со проектот, а јас низ изборната кампања ги објаснив ризиците за овој вид на транспорт, рече Арсовска.

Градоначалничката на Град Скопје неодамна имаше средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за проектот БРТ, но детали од средбата не беа објавени.

Инаку Арсовска во својата изборна кампања вети воведување бесплатен автобуски превоз и набавка на нови 250 еколошки автобуси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе