И покрај постигнатиот договор со Алтернатива и зголемување на парламенатрното мнозинство неизвесно е дали новиот мандатар ќе успее во преговарачкиот процес за распределба на министерските места.
Токму за ова предупредуваше ДУИ која инсистираше Заев да остане на позицијата до 2024 година затоа што според нив со новите преговори дополнително ќе се усложи целиот процес затоа што ќе се зголемат апетитите на партиите.
Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека политичарите мора да бидат одговорни пред граѓаните а не да гледаат само за своите интереси.
Муслиу смета дека е недозволиво повторно во владата да има министри без ресор, функции кои претходно беа укинати токму од оваа власт.
Очекувањата се дека целиот преговарачки процес ќе отпочне кога ќе завршат внатрепартиските избори во СДСМ и ќе се избере нов лидер кој ќе биде и новиот мандар.
Јулијана Пешевска