Вести Македонија Топ вести

Дошле на музички фестивал, а полицијата привела 17 млади за наркотици

МВР соопшти дека во спортскиот центар Борис Трајковски (кој сега всушност се вика А1 Арена) уапсиле 15 луѓе на возраст од 18 до 38 години. Уште двајца се уапсени на паркингот пред салата. Сите се приведени поради сомнение за наркотици.

МВР не соопштува детали зошто приведувале луѓе во салата иако е познато дека таму се одржуваше голем традиционален музички фестивал со познати рокенрол групи од државата и од регионот.

Според соопштението на полицијата излегува дека инспекторите биле во салата повеќе од 4 часа и приведувале млaди од публиката.

Нема информации колкава количина на одделени наркотици е пронајдена освен што е наведен видот на откриеното „марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја.“  Не е наведено ниту дали запленетото е за лична употреба или за продажба, но сите ќе бобијат пријави.

Тројца од приведените имале 18 години, а имало приведени од повеќе градови од Македонија, но и гости од Србија и Косово.

Еве го соопштението на МВР:

Во периодот од 22.30 часот на 07.12.2021 до 02.50 часот на 08.12.2021 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица, и тоа Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К.(18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје, Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја.

На 07.12.2021 во 21.30 и 21.35 часот, пак, на паркинг простор на Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. Сите 17 лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе