Вести Македонија Топ вести

Протуѓер сведочеше дека Груевски му кажал дека купил плац на Водно од 10 000 квадратни метри

Поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, сведочеше дека бившиот премиер, во еден разговор, му спомнал дека купил земјиште на Водно од десетина илјади квадратни метри.

Како сведок во процесот рече дека на Груевски и лекарите му препорачувале да живее на повисоко, па сакал да купи имот во Сопиште.

За оваа тема зборувал уште од 2009, а локација барал и во 2016.

Но му паднало чудно, затоа што експремиерот во меѓувреме спомнал дека купил земјиште на Водно но детали не му кажувал бидејки како што рече Протуѓер секогаш бил претпазлив што зборува.

Претходно, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на денешното рочиште во судскиот предмет “Плацеви на Водно” сведочеше за финансирањето на партијата во контекст на обвинението дека Груевски ги купил плацевите на Водно со пари од члeнарината.

Јанкулоска објасни дека во времето законската регулатива била полабава и дека се водела неформална евиденција, и затоа на некои донатори им давале и каса прими.

Таа додаде дека во нејзината канцеларија во старото партиско седиште имало два големи сефа.

Имаше два сефа, од кои едниот беше од тие што се големи, масивни, до метар, 1и пол метар високи, и имаше еден мал како каса. Во малиот се чуваа мали износи, тие што се користеа на дневна основа. Другиот, барем додека јас бев на функција, ниту бил отворан ниту знаев шифра. Тој малиот беше со шифра и клуч, се отвораше по потреба, појасни Јанкуловска.

Таа рече дека не знае, ниту пак дека знае колку пари му биле давани на Груевски. Груевски е првообвинет и му се суди во отсуство во предметот „Плацови на Водно“.

Обвинението го товари дека во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра  кои потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе