ДУИ ќе прифати нов мандатар доколку СДСМ така одлучи.Имињата на новите кадровски решенија допрва ќе се договараат.Вицепремиерот Артан Груби вели дека е нормално кога има преговори за зголемување на парламентарното мнозиснтво да има отстапки за одредени министерски и директорски места . Се надева дека соработката со Алтернатива ќе се префрли и на локално ниво.
Алијанса на Албанците е изненадена од како што велат леснотијата со која е потпишан договорот . По оставката на Скендер Реџепи , партијата за нов координатор ја именува Илмире Даути.
ДОМ инсистира да им се соопштат сите детали од вчерашниот договор.
ВМРО-ДПМНЕ пак се надева дека на локално ниво ќе продолжи соработката со Алтернатива.
Заев и Гаши вчера постигнаа договор на Алтернатива да и припаднат Министерствата за здравство, за информатичко општество и администрација и без ресор задолжен за дијаспората, како и заменици-министри за образование, култура и земјоделство. Алтернатива ќе добие и 47 директорски места меѓу кои за МЕПСО, Фондот за пензиско осигурување, железници, Агенција за странски инвестиции и др.
Јулијана Пешевска