Македонија Топ вести

Дали имале „вистински“ сертификати и возачите на ЈСП на привремена работа во Беса транс-транспорт не проверил

По 45-те жртви на магистралата во европска Бугарија, претставникот на Европската комисија во Скопје Штефан Худолин наведе дека патиштата во Европската унија се најбезбедни во светот, иако во некои земји членки се подобри, а во некои полоши. Худолин на редовниот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан, најави дека ЕУ ќе продолжи да гради поголема безбедност на своите патишта, а прецизно ги лоцира сите сообраќајни проблеми во Македонија.

Повеќе работи играат улога, патната мрежа, исправноста на возилата и инспекторатот кој треба да си ја врши работата. Го поздравувам формирањето на Агенцијата за безбедност на патиштата која ќе биде еден субјект што ќе ги опфати сите аспекти. Меѓутоа треба да го спомнеме и однесувањето на граѓаните како учесници во сообраќајот без оглед дали се пешаци или возачи. Сите треба да ги почитуваме правилата, рече Штефан Худолин од Делегација на ЕУ во Македонија.

Министерот за транспорт Бочварски вели дека стои на располагање на сите барања за несреќата на магистралата Струма, а на прашање на ресорска одговорност – рече кој ќе биде најден за одговорен, ќе одговара. Сите документи за Беса транс ги предале на обвинителството, но, транспорт се уште не проверил какви возачи имало во останатите автобуси на Беса транс од конвојот за Истанбул. Еден возач бил сопственикот на фирмата, а двајца биле шофери од ЈСП на одмор – но ниту министерството, ниту инспекторатот провериле дали и тие возачи имаат соодветни сертификати.

Бочварски смета дека министерството не треба да стане истражен орган после невидената трагедија со 45 загинати, меѓу кои и 12 деца. Најави пред регионалните гости дека Македонија инвестира во безбедни патишта, а со сообраќајните контроли оваа година е намален бројот на жртви.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе