Вистината за несреќата на магистралата „Струма“ во која загинаа 45 македонски граѓани е заложник на бугарско-македонските односи и затоа побаравме проверка на условите на патот да биде направена од меѓународна ревизорска компанија, изјави за БТВ Богдан Милчев од бугарскиот Инсититут за безбедност во сообраќајот.
Обвинителството сака зачудувачки брзо да го затвори овој случај, и уште од првите мигови по несреќата ни се протнува дека вината е кај возачот. Возачот не може да се одбрани и затоа случајот ќе биде брзо затворен, изјави Милчев.
Милчев тврди дека случајот со умисла ќе биде долго забавуван, особено затоа што ако се докаже дека причина за несреќата се условите на патот, тогаш бугарската страна ќе треба да ѝ исплати огромна оштета на Македонија.
Одбивањето на обвинителството да ги истражи условите на патот, како тие влијаеле на возачот за да дозволи таква грешка. одбивањето на обвинителството да ги разгелда банкините, кои се погрешно поставени, како што вели извештајот. Документот докажува дека тие банкини имале оштетувања од претходни несреќи, како и дека биле поправани и неправилно повторно поставени по претходни несреќи. Ако беа правилно поставени ќе го задржеа автобусот и ќе му ја променеа траекторијата, без тој да падне во стапицата меѓу банкините, изјави Милчев за БТВ.
Вели дека луѓето ги загубиле животите не поради несреќата, туку поради тоа што автобусот заглавил меѓу банкините, кои требале да спречат да се случи такво нешто.
Има знак кој недостасува, кој треба да ги информира возачите дека ги очекува такво исклучување. Два месеци порано од Патишта утврдиле дека знакот го нема и пријавиле. Вкупно 400 знаци недостасуваат по нашите патишта, министерот за регионален развој услужливо молчи, а обвинителстовто одбива да го истражи ова, рече Милчев.
Милчев додаде дека ако вака се продолжи, тогаш ги очекуваат дополнителни тешки сообраќајни несреќи.