Вести Македонија Топ вести

И Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Директорот на ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ,  Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој е четвртиот кандидат за партиски лидер, а можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ.
– Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството, рече вчера Деспотовски.

Според него, добро е што има повеќе кандидатури зашто тоа, според него, го покажува демократскиот капацитет на партијата, но покажува и дека има луѓе што се подготвени во комплицирано време да понесат одговорност и да се справат со предизвиците.

Кандидатури поднесоа и Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе