Ковид19 Македонија Топ вести

Објавено истражување за ефектот од вакцините против Ковид врз хоспитализациите и смртноста на пациентите

Во Македонија 41,33% примиле една доза, а 37,78% од граѓаните две дози вакцини против Ковид-19, стои во истражувањето што го спроведе епидемиологот д-р Харис Бабиќ, на Институтот Каролинска во Стокхолм, заедно со нашата Управа за електронско здравство „Мој термин“. Истражувањето е спроведено од почетокот на вакцинацијата на средината на јануари до крајот на септември, годинава. Најголем дел од испитаниците биле вакцинирани со Фајзер – 298.000 и со Синовак- 242.000 граѓани. Две дози Фајзер примиле над 88%, а две дози Синовак- 91% од граѓаните. Најмалку се вакцинирани со Спутник В скоро 23.000 граѓани, а од нив две дози примиле 99 %.

Од почетокот на епидемијата со корона вирус во земјава, до крајот на септември годинава, вкупно се хоспитализирани 30.136 лица. Од нив 6.542 или над 21% починале. Просечната возраст на хоспитализираните изнесува 61 година, а 56% од нив биле мажи. Од болничкиот третман до смртта поминале во просек 15 дена, а половината умреле во рок од 8 дена од хоспитализацијата, заклучило истражувањето.

Од хоспитализираните нешто повеќе од 0% биле целосно вакцинирани. Постарата возраст и машкиот пол значително ја намалиле ефикасноста од вакцините. Граѓаните на возраст од 65 години и повеќе имале околу 76% поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под таа возраст, а мажите имале за 23% поголем ризик за хоспитализација од жените.

Две дози од Ковид-19 вакцината на Фајзер/Бионтек покажаа највисока ефективност во спречувањето хоспитализација од 97,58%. На второ место е Астра Зенека со 94%, а најниска заштита има вакцината Спутник В, со 80%, се вели во истражувањето.

Постарата возраст и машкиот пол значително влијаеја и врз ризикот од смртност. Граѓаните на и над 65 години имале скоро двојно поголем ризик од смрт од Ковид, а мажите имале околу 28% поголем ризик за смрт, во однос на жените. Со примени две дози вакцини Синовак, заштитата од смртност била најсилна  и изнесувала 96%, на второ место е Астра Зенека со 95%, а најдолу е Синофарм, со 91%.

Резултатите ги потврдуваат наодите дека вакцините против Ковид- 19 се високо ефикасни како во македонската , така и во останатите популации, се вели во истражувањето. Во него биле вклучени вкупно 1.886.124 граѓани, на возраст од 11 години и постари.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе