Македонија Топ вести

Утврдена е причината за пожарот што избувнал во автобусот на Беса транс, тврдат бугарските истражители

Бугарските истражители ја утврдиле причината за избувнувањето на пожарот во автобусот на Беса Транс, но одбија да ги откријат пред објавувањето на официјалните извештаи. Обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов, во емисија на телевизијата Бтв, најавија дека очекуваат вештачењата да завршат најрано до крајот на овој месец. Маринов соопшти дека на автобусот, кој бил произведен во 2007 година, му бил направен ремонт во Турција, за време на кој му била поставена опрема која не е дел од фабричките спецификации, и ќе се истражува квалитетот на материјалите и дали тој одговарал на стандардите.

Автобус од 18 тони нема што да го запре. Деветте столбови кои ја држат банкината се искршени како чкорчиња од кибрит, и банкината влегла внатре, го пробива резервоарот со гориво, кој што е пластичен, и можете да си претставите какви искри избиле од триењето, изјави Маринов.

Причината за настанувањето на несреќата, првичниот удар во десната банкина на патот, сѐ уште се утврдува. Основната претпоставка е дека е резултат на неприлагодена брзина кон условите на патот. Истражителите утврдиле одредени недостатоци кај сообраќајната сигнализација, кои, според нив, имале влијание, но не биле пресудни за настанувањето на несреќата.

Ја истражуваме и инфраструктурата, веќе имаме подготвени извештаи од Државната агенција за безбедност на патиштата. Веднаш, следниот ден, тие го прегледаа целиот дел од патот, констатираа одредени проблеми и недостатоци. Но покрај тоа, возачот е должен да ги следи патот и да ја прилагоди брзината со условите на патот, рече Маринов.

Обвинителот Бисер Михајлов ги отфрли теориите кои се појавија во бугарската јавност, дека автобусот превезувал канти со гориво, пиротехнички средства или хемикалии за производство на наркотици. Михајлов соопшти дека е прерано за покренување обвинение бидејќи истрагата е сѐ уште во почетна фаза и нема конкретни докази за вина.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе