Вести Македонија Најважни

Главниот штаб не донел заклучок за новите корона мерки на Филипче кој пак убедува дека се издржани и ќе дадат резултати

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово на Главниот Координативен Кризен Штаб (ГККШ) ги предложи мерките на Комисијата за заразни болести кои со консензус беа усвоени на состанокот, минатата недела. Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава како и за покачување на вакцинацијата во државата.

Говорејќи за состојбата во државата, министерот образложи дека  болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%. Ваков вид, но и доста поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други. Министерот Филипче, вечер ќе одржи состанок со Синдикатите како би ги слушнал и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница.

На денешниот состанок на ГККШ не беа донесени заклучоци, предлог мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада.

Од Министерството за здравство не објаснуваат зошто Главниот штаб не сакал да донесе заклучоци за конкретните мерки предложени од министерот.

Новите мерки предвидуваат задолжителни сертификати за вакцинација или негативни корона тестови за администрацијата, здравството, образованието и сите други државни, локални и јавни претријатија и институциите.

Синдикатите кои ги претставуваат опфатените групи вработени со новите мерки, остро протестираа на предложените мерки.

Бесплатни ПЦР тестови за вработените во администрацијата бараат синдикатите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе