Култура

„Птица со главата меѓу нозе“- горчлива сатира за нашата стварност

Претстава која коментира, опоменува и критикува низ слатко- горчлив хумор. Вака накратко може да се опише политичката сатира „ Птица со главата меѓу нозе“, чија слоевитост во себе ги обединува темите за пандемијата, изолацијата, бескрајното исчекување за влез во Европската унија, уништените животи и професии во транзицијата, но и отсуството на свест за животната средина и стравот од климатските промени.

Птицата е симбол на слободата, лета кај сака. Ама, кога главата и е меѓу нозе, тешко ќе лета. Така што има голема врска со нас, со нашава татковина, нашава преубава татковина, вели авторот и режисер на претставата Коле Ангеловски.

Претставата зборува за условите што ги создава младиот Климент, за да на својата свршеница од странство , кога ќе дојде, во име на љубовта и прикаже подобри околности од реалните.

Физички се чувствуваме клаустрофобично поради пандемијата најмногу,  а и поради некои други секојдневни геополитички хирови. Тоа ми влијаеше интуитивно, повеќе потсвесно, на градењето на улогата, вели актерот Стефан Вујисиќ.

Толкувајќи повеќе или помалку, типизирани рољи , во претставата настапуваат бардовите на македонската комедија, заедно со актери од средната и младата генерација.

Ние сме навикнати на негување на една емоција, на негување на нешто што е поврзано со театарот, со доживување, не преживување, вели актерот Ѓокица Лукаревски.

Со оваа претстава Коле Ангеловски слави 6 децении уметничка работа, а вечерашната праизведба ансамблот  ја посвети на починатата првенка на Драмски, Сабина Ајрула- Тозија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

Виктор Дулон-Виду: Во време на економска криза културата е прва на удар  

Дејан Дејан

Осум месеци во заложништво на Хамас како поттик за сликање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе