Вести Македонија Топ вести

Млади лекари од штипската болница по две години првпат се испратени на специјализација

Болниците по две години пауза конечно испратија млади лекари на специјализации. Од пред еден месец 20 лекари од источниот регион конечно заминаа да специјализираат на една од гранките, кои се дефицитарни во нивните болници. Тоа се младите лекари, кои секојдневно помагаа во битката со коронавирусот. Штипската Клиничка болница како регионален центар годинава доби 12 специјализации за ортопедија, анестезиологија, инфективно, неврологија, пластична хирургија и кардиологија.

Сепак во штипската Клиничка болница и понатаму ќе недостасуваат млади лекари, како и специјалисти поради заминување на лекарите во пензија. Недостатокот од стручен здравствен кадар најмногу се чувствува на ортопедија, анестезиологија и инфективно, а за наредната година планирано е вработување на уште десет млади лекари. На крајниот исток во Делчево, конечно на специјализација заминаа тројца лекари, а за наредната година планирани се уште две.

Во кочанската болница, во моментов на специјализација се 16 лекари, од кои од октомври се заминати петмина. Директорот на кочанската болница Александар Серафимовски вели дека на специјализација испратиле лекари за одделите анестезиологија, хирургија, радилогија и интерно, но болницата годинава остана без единствениот  инфектолог, кој замина во пензија. Се надева дека наредната година ќе ја добијат специјализацијата, во меѓувреме за ковид болните ќе се грижат лекарите од сродните гранки, со помош и телефонски консултации со тројцата  штипски инфектолози.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе