Вести Македонија Топ вести

Дардишта: Ние не сме сираци, сме никнале по војна

Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики, Шкодране Дардишта, од ДУИ, на својот ФБ профил, незадоволна од најавата дека е можно ДУИ по долги години да замине во опозиција.

„Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, порача Дардишта.

Дардишта е член на Одбор на директори на Македонски Телеком, а до формирањето на сегашната влада била директор на заедничките служби на Клинички Центар.

Од ДУИ засега нема коментар за ваквата објава. Партијата го одржува Генералниот совет во Тетово. Партискиот лидер Али Ахмети, по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство, преку својот фејсбук профил порача дека нема да се постапува ниту со емоција, ниту со еуфорија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе